Connect with us

Фудбал

Жиру го напушта Милан, ја прифати понудата на друг клуб!

Според извештаите од Италија, Оливие Жиру ја завршил работата на нов ангажман на крајот од сезоната.

Тој од лето ќе стане нов фудбалер на ФК Лос Анџелес, ќе игра во МЛС лигата и ќе потпише договор на 18 месеци. ЛАФЦ е клуб кој постои само девет години, но кој веќе беше шампион на МЛС лигата и во своите редови има неколку сериозни фудбалери меѓу кои секако најпознат е Уго Лорис.

Сезоната во МЛС е усогласена со календарската година, за разлика од повеќето европски лиги, така што договорот на Жиру ќе истече практично на крајот на 2025 година.

Тој не сакаше да ја прифати понудата од Милан со кој се разделува по 3 години.

Тој дојде од Челзи во летото 2021 година и се покажа како феноменална инвестиција бидејќи на 121 натпревар за Милан постигна 46 гола и додаде 20 асистенции за само 3 милиони евра.

Тој во септември полни 38 години, а Милан ќе бара нов напаѓач.

Advertisement