Жиру остана во Челзи и налутено им испрати порака на челниците на Интер

Францускиот напаѓач Оливие Жиру остана во Челзи иако беше речиси сигурно дека ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“.
Жируд не играше во дресот на Челзи оваа сезона и се потруди да го напушти клубот. Најмногу се шпекулираше дека ќе потпише за Интер, а кога тоа не успеа тој се поврзуваше со Тотенхем и Лацио.
Но, на крајот, од неговото заминување, нема ништо, а Жиру останува член на Челзи. Англиските медиуми објавија дека тој е разочаран од она што се случуваше претходните денови, а особено од она што го правеа челниците на Интер.
Наводно, Жиру налутено им испратил порака на челниците на Интер и им рекол дека го стопирале неговото доаѓање во Меаца преку ноќ. Жиру не доби објаснување иако претходно се договори со Интер.
Лацио од друга страна сакаше да го купи Жиру за пет милиони евра, но токму Челзи се откажа од продажбата. Французинот има договор до летото и како слободен агент, најверојатно, само ќе потпише за Лацио.



