Жиру се согласи на трансфер во Тотенхем, но Челзи му прави проблем

Оливие Жиру сè уште не го напуштил Челзи, иако пред еден месец јасно стави до знаење дека сака да си оди.
Жиру пристигна на „Стемфорд Бриџ“ пред две години од Арсенал за 17 милиони евра. Сепак, тој не играше како што очекуваше во Челзи и пред неколку недели јасно стави до знаење дека сака да го напушти клубот.
33-годишниот играч досега има одиграно седум натпревари за Челзи оваа сезона и постигна еден гол. Се шпекулираше дека Жиру ќе ја продолжи кариерата во Интер, но од тој трансфер на крајот нема ништо.
Но, „Скај Спортс“ објави денеска дека Тотенхем покажал силна желба да го ангажира Жиру. Тотенхем сака офанзивец бидејќи Хари Кејн поради повреда кој ќе биде надвор три месеци.
Клубот сметаше дека Жиру ќе биде одлична замена и тие му понудија договор до летото 2021 година. Францускиот напаѓач се согласи да замине во тимот на Жозе Мурињо, но се појави неочекуван проблем.
Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи го блокира неговиот трансфер затоа што не сакаат да го пуштат да оди во редовите на градскиот ривал. Рокот за трансфери во Англија завршува во петок и Тотенхем има многу малку време да се обиде да ги убеди челниците на Челзи да се согласат за трансфер на Жиру.



