SportM
Фудбал

Жорди Алба „пресече“ и реши да замине во Италија, но не и во Интер

Д М30 сеп 2022
Жорди Алба „пресече“ и реши да замине во Италија, но не и во Интер

Жорди Алба веќе на зима би можел да ја напушти Барселона и среќата да ја бара во друг клуб.

Алба во каталонскиот клуб пристигна во летото 2012 година од Валенсија и се покажа како фантастично засилување.

Искусниот лев бек имаше зацементирано место во стартниот тим на Барселона десет сезони, но тоа се промени оваа сезона бидејќи Чави Ернандез реши да им даде шанса на некои други играчи.

Алехандро Балде и Маркос Алонсо моментално имаат предности во Барса пред Алба, а јасно е дека овој искусен лев бек нема да има ни ни приближно толку минутажа како претходните години.

Барселона е свесна за тоа и летово се обиде да се ослободи од Алба бидејќи се договори за неговата позајмица во Интер, но на крајот шпанскиот репрезентативец одби да замине во Серија А.

Сепак, каталонски спорт денеска објави дека Алба сфатил дека нема да игра оваа сезона и наводно е подготвен да ја напушти Барселона во јануари.

На крајот на краиштата, патувањето може да ја однесе Алба во Италија, но не во Интер туку во Јувентус, кој покажа голем интерес за овој лев бек.

Спорт пишува дека Јуве веќе стапил во контакт со Барселона и понудил опција Алба да дојде на позајмица до крајот на сезоната, но потоа италијанскиот клуб да го откупи неговиот договор за околу 15 милиони евра.

Во Барселона се подготвени да го пуштат Алба да го напушти клубот, а сега им оди во прилог фактот што овој искусен играч покажа интерес да замине во Јувентус, бидејќи е свесен дека во Барселона го нема истиот статус како тој порано.

Јувентус сака значително да го засили тимот во зима по очајниот старт на сезоната, а Алба би требало да биде меѓу првите големи засилувања во јануарскиот преоден рок.

Алба има договор со Барселона до 2024 година и е еден од најплатените играчи во тимот, а сигурно каталонскиот клуб би бил повеќе од среќен доколку замине во Јувентус и го подобри буџетот за плати.

Овој лев бек и покрај тоа што не е стандарден во Барселона, сепак ја има довербата на Луис Енрике во репрезентацијата и речиси сигурно ќе добие покана за Светското првенство кое се игра во Катар.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.