SportM
Фудбал

Жозе Мурињо: Неуспехот на Манчестер Јунајтед не треба да се наградува со играње во Лига Европа

Д М10 дек 2020
Жозе Мурињо: Неуспехот на Манчестер Јунајтед не треба да се наградува со играње во Лига Европа

По поразот во Лајпциг, фудбалерите на Манчестер Јунајтед се простија од натпреварувањето во Лигата на шампионите.

Гигантот од Манчестер ќе го продолжи европскиот пат во Лигата на Европа.

Сепак, тоа не го сакаат сите. Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо смета дека Јунајтед не треба да биде награден за неуспехот со појавувањето во второто најсилно европско натпреварување.

„Прашање е на принцип, ако му се случеше на мојот тим, ќе се чувствував исто“ – рече легендарниот Мурињо и додаде:

“Но, тоа е начинот на кој е и носи повеќе квалитет на ова натпреварување. Кога осум екипи од Лигата на шампионите ќе дојдат во Лигата на Европа, секако дека ќе го подигнат квалитетот, нема сомнеж. Тоа е добра работа за ЛЕ, но од спортска гледна точка не е фер. Кој не успее во едно натпреварување, паѓа во друго. Сега Манчестер Јунајтед е еден од најголемите фаворити во Лигата на Европа. И сите екипи што испаѓаат од ЛШ се секогаш силни и обично екипи кои не припаѓаат на тоа ниво на фудбал “ – рече Жозе и продолжи:

„Тие имаа премногу тешка група со ПСЖ и Лајпциг и сите знаевме дека не секој ќе може да излезе од таа група и дека еден врвен тим ќе испадне во Лигата на Европа“.

Ова не е првпат оваа сезона Мурињо да упати остри стрели кон Манчестер Јунајтед, особено откако ги декласираше со своите Спарс кон средината на октомври.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.