Жозе Мурињо нов тренер на Рома!

Рома денес потврди дека Жозе Мурињо ќе биде тренер на овој клуб од новата сезона.
Рома утрово прво објави дека Пауло Фонсека нема да добие нов договор и дека ќе го напушти клубот на крајот од оваа сезона.
Португалскиот стручњак не се прослави оваа сезона на клупата на римскиот клуб, а по дебаклот на „Олд Трафорд“ беше јасно дека ќе му биде тешко да остане тренер на Рома и следната сезона.
Фонсека најпрво одби да даде оставка по натпреварот против Манчестер Јунајтед, а на крајот клубот одлучи тој да остане до крајот на сезоната кога ќе го напушти клубот затоа што му истекува договорот.
Набргу потоа, Рома ги воодушеви своите фанови објавувајќи дека Мурињо е новиот тренер.
Клубот на официјалната веб-страница потврди дека постигнале договор со Мурињо кој ќе го преземе клубот Рома на крајот од оваа сезона. Специјалниот така се враќа во Италија по 11 години и тројката што ја освои со Интер.
𝐎𝐅𝐅𝐈𝐂𝐈𝐀𝐋 🤝
The club are delighted to announce an agreement has been reached with Jose Mourinho for him to become our new head coach ahead of the 2021-22 season.
#ASRoma pic.twitter.com/f5YGGIVFJp— AS Roma English (@ASRomaEN) May 4, 2021



