SportM
Ракомет

ЖРК Ѓорче Петров пред пласман во осминафиналето на ЕХФ купот

Редакција12 ное 2023
ЖРК Ѓорче Петров пред пласман во осминафиналето на ЕХФ купот

Македонскиот женски ракометен шампион, Ѓорче Петров попладнево забележа убедлива победа со 46:39 на гостински терен против белгиски Јупен во првиот натпревар од 1/16финалната пресметка во ЕХФ купот.

Извонредно ефикасно одиграа македонските ракометаки постигнувајќи по 23 гола во двете полувремиња. Најефикасни во победничката екипа беа Анастасија Николовска со 11 и Ана Марија Коларовска со 10 голови.

На голот со 10 одбрани се истакна Слободанка Кическа

Реваншот ќе се игра следниот викенд во Скопје.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.