Зидан го оправдува отсуството на Бејл од тренинг: Тој доби дозвола од клубот

Зинедин Зидан се појави на прес-конференција денес, пред средбата меѓу Реал Мадрид и Легањес. На оваа конференција, тој беше запрашан за моменталната состојба на Герет Бејл.
Герет Бејл не беше дел од тимот на Реал Мадрид кој се подготвуваше за утрешниот натпревар против Легањес.
Велшанецот, со дозвола на клубот и тренерот Зинедин Зидан, во понеделникот отпатува за Лондон од лични причини. Тој, наводно, се среќавал со неговиот менаџер, бидејќи неговата иднина во Реал Мадрид останува сомнителна.
„Тоа беше личен проблем. Тој имаше дозвола од клубот да замине во Лондон, тоа е сè. Тој разговараше со клубот. Не можам да кажам што се случи. Тоа беше личен проблем и тој имаше дозвола од клубот“, рече Зидан.
„Се кажуваат многу работи за нас. Имаме добра врска. Тој е играч кој е тука и тренира. На крајот, најважно е што кога тој е подготвен, знаеме каков играч е“.
„Најдобро е тој да остане во составот. Шпекулациите не ни помагаат. Тој е важен играч во нашиот тим. Секогаш ќе има шпекулации за играчи како него, но мислам дека е среќен што е тука“.
„Нема да има понуда за него во јануари, не мислам дека ќе успее. Тој е играч на Реал Мадрид. Ќе има разговори во јануари, а потоа во јуни. И понатаму сметам на него кога е подготвен да игра. Сите сме задоволни од него“.
„Тој никогаш не рече дека сака да го напушти Реал Мадрид. Кога може, тренира и игра. Тој играше многу оваа сезона и попладнево ќе се врати во Мадрид“.



