Зидан го пронајде новиот напаѓач: Раул Хименез оди во Реал Мадрид?
Д М21 мар 2020

Деновите на Лук Јовиќ во Реал Мадрид би можеле многу брзо да бидат одброени, доколку им се верува на англиските медиуми.
Имено, Јовиќ не се прослави откако пристигна во Реал од Ајнтрахт, а се чини дека Зидан повеќе нема намера да го користи.
Според англиските медиуми, Зидан пронајде нов напаѓач за својот тим, а тоа е играчот на Волверхемптон, Раул Хименез.
Секако ова, доколку се испостави дека е вистина, е многу изненадувачки потег на Зидан, но Хименез има одлична статистика во Волверхемптон.
Тој има постигнато 22 гола во дресот на Волверхемптон оваа сезона, а за него е поддржан и фактот дека тој е различен тип напаѓач од Бензема, кој во моментов е прв избор во напад на Реал Мадрид.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



