„Зидан може повторно да работи со Роналдо“

Поранешната sвезда на Реал Мадрид, Стив МекМанаман, верува дека Зинедин Зидан би можела да одлучи повторно да работи со Кристијано Роналдо во Јувентус во блиска иднина.
Тренерот и поранешен легендарен француски фудбалер, Зинедин Зидан, во моментов работи на „Сантијаго Бернабеу“, откако беше назначен по втор пат за тренер на Реал Мадрид.
Тој имаше освоено три титули во Лигата на шампиони во три последователни сезони во текот на првиот пат кога ја презеде функцијата тренер на Лос Бланкос и сега го издигна Реал Мадрид на врвот на табелата во Ла Лига.
Кога Зидан повторно го презеде тимонт на крајот на минатата сезона, многу навивачи и аналитичари ја доведоа во прашање неговата способност како тренер, но оваа сезона тој успеа да го врати Реал Мадрид во добра форма и ги замолчи тие критичари.
Сепак, со оглед дека Зидан по тие големи успеси реши да го напушти „Сантијаго Бернабеу“, МекМанаман верува дека може повторно да го стори тоа, односно повторно да се соедини со Кристијано Роналдо.
„Ако ја освои лигата и замине, тогаш ќе има понуди на клубови што ќе го сакаат како тренер. Што се однесува до шпекулациите за Јувентус … тој играше таму, тој зборува италијански и важи за херој таму, така што не би било тешко да оди таму“, рече МекМанаман.
„Не му пречи бидејќи Јувентус е многу доминантен, тој многу добро го познава Кристијано и знае многу играчи во тој состав. Не знам каква е состојбата на Маурицио Сари во Јувентус, но во моментот тие играат добро и се на врвот на табелата“.
„Мислам дека Зизу може да биде тренер во кој било клуб. Сите клубови би го сакале заради неговиот рекорд и достигнувањата што ги оствари за кус временски период“.



