SportM
Фудбал

Зидан: Резултатот зборува за карактерот на тимот

Д М28 окт 2020
Зидан: Резултатот зборува за карактерот на тимот

Во 2. коло од Лигата на шампионите, Реал Мадрид ремизираше на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах (2:2).

По шокантниот пораз во Мадрид од Шахтјор, избраниците на Зинедин Зидан „танцуваа на тенка жица“ и во Германија. Губеја со 2:0, но се здобија со сила и успеаја да се вратат и да освојат бод.

“Резултатот зборува многу за карактерот на тимот. Заслуживме реми, па дури и мислам дека заслуживме повеќе. Ова е многу важна работа. Се разбира, ситуацијата на табелата е тешка, сега сме во иста позиција како и минатата година. Играчите се бореа до крајот и одигра добро“, рече Зидан.

“Треба да се бориме против заморот. Не застанавме, но бевме многу уморни. Така е. Годинава ќе биде тешка за сите. Но, денес треба да бидеме горди на резултатот, затоа што освоивме бод на тешка игра на гости. Да, нешто ни недостасувашњ затоа што не победивме, но верувавме во нашиот план, игравме добро и заслуживме нерешено. Содржината на натпреварот беше добра. Нема лесни натпревари во групната фаза “, додаде Зидан.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.