Зидан сакал да го напушти „Бернабеу“ уште во февруари
Д М29 сеп 2018

Во Реал Мадрид тешко дека биле толку изненадени кога на крајот на сезоната Зинедин Зидан одлучи да го напушти клубот. Тогаш претседателот Флорентино Перез објасни дека тоа е голем шок за сите, бидејќи никој не очекувал такво нешто.
Во денешното издание, „Марка“ сепак тврди дека францускиот стратег сакал да си замине уште од февруари. Ова се случило по сензационалната елиминација од Леганес во Шпанскиот куп.
Зидан потоа му рекол на Перез и на извршниот директор Хозе Анхел Санчез дека не се чувствува доволно уверен за да остане на клупата на Реал. Но тие успеале да го одвратат од намерата да поднесеоставка.
Зизу продолжи да го води Мадрид и ја освои Лигата на шампионите, но резултатите во Лигата не беа задоволителни.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



