SportM
Фудбал

„Зидан сепак ќе одлучи кој клуб е вистинскиот за него“

Д М21 дек 2021
„Зидан сепак ќе одлучи кој клуб е вистинскиот за него“

Помошникот на Зинедин Зидан, Давид Бетони за медиумите зборуваше за продолжувањето на кариерата на легендарниот Французин.

„Не разговаравме конкретно за името на клубот што би можел да го преземе. Рече дека по годишниот одмор ќе одлучи што понатаму. Многу добро го познавам Зизу и знам дека тој во моментов е со семејството и кога ќе биде подготвен ќе ги ислуша и анализира сите понуди што веќе ги има. Мислам дека моментално е отворен за сите предлози, дека ќе ја разгледа секоја понуда, ќе ги анализира нејзините предности, дали има нешто што не му се допаѓа, дали понудата е конкурентна… Има многу фактори кои треба да се земат предвид при донесување конечна одлука. Мислам дека таа одлука ќе ја соопшти дури на лето, кога ќе заврши актуелната сезона “, изјави Бетони.

Зидан е без тренерска работа од мај годинава, кога по вторпат го напушти Реал Мадрид.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.