SportM
Фудбал

Зимско изненадување на Микел Артета – Челзи, Ливерпул, а сега – Арсенал?!

Д М17 дек 2023
Зимско изненадување на Микел Артета – Челзи, Ливерпул, а сега – Арсенал?!

Фудбалскиот клуб Арсенал зимава дефинитивно ќе има уште еден напаѓач.

Микел Артета смета дека му треба уште еден напаѓач за да се бори на сите фронтови, а прва мета сепак е – Ајон Тони. Сепак, Брентфорд за својот играч бара дури 70 милиони евра, па не е исклучено Артета да се сврти и кон други цели.

Може да биде – Доминик Соланке!

Напаѓачот на Борнмаут блесна оваа сезона, постигна девет гола и го привлече вниманието на бројни клубови.

Има 26 години, интересно, порасна во академијата на Челзи, од која на 20 години како слободен играч пристигна во Ливерпул.

Сепак, тој никогаш не доби вистинска шанса ниту во Ливерпул, па зимата 2019 година се пресели во Бурнмаут за 21 милион евра.

За “цреши” одигра 193 натпревари, постигна 65 гола и запиша уште 28 асистенции.

Дали е добро погоден за напаѓачката ротација на Арсенал?

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.