SportM
Фудбал

Зинедин Зидан останува тренер на Реал Мадрид!

Д М23 јул 2020
Зинедин Зидан останува тренер на Реал Мадрид!

Зинедин Зидан ќе остане тренер на Реал Мадрид следната сезона, тврди мадридскиот весник „Марка“.

По крајот на минатата сезона, Зидан не беше сигурен дали ќе продолжи да го води тимот, но по разговорите со претседателот на клубот Флорентино Перез, тој реши да остане во клубот.

Така, кралевите и Зидан ќе поведат во одбрана на титулата шампион, кој тие ја „презедоа“ од Барселона во сезоната зад нас.

Реал одигра навистина одлично под водство на францускиот стручњак. Тој успеа да го надомести дефицитот на бодовите и на крајот да го доведе Реал до титулата.

Оваа вест секако ги воодушеви навивачите на Реал Мадрид кои имаат навистина голема почит кон Зидан за сè што направи во претходните години за клубот.

Од 2016 година, Зидан и Кралскиот клуб имаат освоено две титули во Ла Лига, три титули во Лигата на шампионите, две титули во Супер Куп на Шпанија и УЕФА и две Светски клубски првенства на ФИФА.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.