SportM
Фудбал

Златан Ибрахимовиќ го продолжи договорот со Милан!

Д М22 апр 2021
Златан Ибрахимовиќ го продолжи договорот со Милан!

Вечерва Милан официјално потврди дека Златан Ибрахимовиќ го продолжил договорот со овој клуб.

Искусниот шведски напаѓач се врати во Милано на почетокот на 2020 година кога пристигна како слободен агент откако му истече договорот со ЛА Галакси.

Ибрахимовиќ тогаш потпиша договор до крајот на сезоната, но покажа дека има уште многу да покаже. Челниците на Милан решија да го продолжат договорот до летото оваа година, откако се покажа дека Ибра е големо засилување.

39-годишниот напаѓач се уште е во одлична форма оваа сезона и јасно е дека тој е лидер на „росонерите“. Клубот сфати дека не треба да го губат толку лесно и му понудија нов договор.

Челниците на Милан му понудија на Златан договор на уште една година, кој тој реши да го прифати. Денес, Ибра го продолжи договорот до летото 2022 година, а Милан вечерва официјално го потврди тоа.

Иако е веќе ветеран, тој покажа дека сепак може да игра на врвно ниво, а доказ за тоа е фактот дека по пет години, тој повторно се најде на списокот на репрезентацијата на Шведска.

Ибрахимовиќ одигра вкупно 130 натпревари за Милан и постигна 84 погодоци. Досега оваа сезона, тој одигра 25 натпревари во сите натпреварувања и успеа да постигне 17 голови.

Познато е дека Ибрахимовиќ се појави во дресот на Малме, а во својата богата кариера играше и за Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, ПСЖ, Манчестер Јунајтед, ЛА Галакси и Милан.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.