SportM
Фудбал

Зошто Касемиро не беше во првиот состав? Тен Хаг застана пред новинарите и ја објасни одлуката

Д М27 авг 2022
Зошто Касемиро не беше во првиот состав? Тен Хаг застана пред новинарите и ја објасни одлуката

Касемиро е најголемото засилување на Реал Мадрид ова лето.

 

Бразилскиот играч за врска пред неколку дена пристигна на „Олд Трафорд“ од Реал Мадрид и денеска дебитираше за новиот клуб.

 

Во четвртото коло од англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед со голот на Фернандеш го совлада Саутемптон со 0:1, а шанса во 80. минута наместо Еланга доби Касемиро.

Сепак, многумина беа изненадени зошто Касемиро не беше во стартниот состав на „црвените ѓаволи“.

 

Ерик тен Хег ги претпочита Скот Мектоминај и Кристијан Ериксен наместо Касемиро, во системот 4-2-3-1.

 

„Мислам дека имаме тим кој е конкурентен, така што секогаш е тешко да се носат одлуки. Во понеделникот одигравме многу добро (2:1 победа против Ливерпул, оп. а) и решив да останам со првите 11 од тој натпревар.

Ја донесовме оваа одлука и за да му дадеме повеќе време на Касемиро, тој се уште нема одиграно 90 минути, мора да се прилагоди на англискиот фудбал, стилот на Манчестер Јунајтед и да се интегрира во тимот“, изјави Тен Хег, пренесуваат британските медиуми. .

 

Според шпанските медиуми, Реал Мадрид го продаде Касемиро за 70 милиони евра, што може да достигне 85, во случај да исполни неколку бонуси за учинок.

 

Трансферот го прави бразилскиот интернационалец третиот најскап играч што Реал Мадрид некогаш го продал.

 

Доколку ги исполни бонусите вредни најмалку пет милиони евра, Касемиро ќе се искачи на второто место и ќе се изедначи со Анџело ди Марија, кој беше продаден на Реал Јунајтед за 75 милиони евра.

 

Првиот е секако Кристијано Роналдо кој во Јувентус замина за 117 милиони евра.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.