Connect with us

Фудбал

Зошто Роналдо е еден од најдобрите на сите времиња?

Иако е во доцните играчки години тој е еден од најдобрите играчи на сите времиња, Кристијано Роналдо, продолжува да руши рекорди.

Најдобриот стрелец на Реал на сите времиња, Лигата на шампионите и репрезентацијата на Португалија, и покрај „35 на грб“, не размислува за крај на кариерата.

Но зошто да размислува за крај? Тој изгледа како да има 10 помалку, обезбедува извонредни игри и веројатно ќе уживаме во неговите игри уште неколку сезони.

Која е тајната? Прашање кое се јавува од сезона во сезона. Неговата завидна фигура е резултат на долгорочна работа на фудбалски терен и во теретана, но голем дел од неговиот успех се базира и на урамнотежена исхрана.

loading...

Кристијано не остава ништо на случајноста и затоа од јануари е дел од неговиот тим и славниот готвач Џорџи Бароне.

Познатиот италијански готвач претходно соработувал со многу познати личности, а оние што го познаваат велат дека тој готви тестенини како никој друг. Џорџо секое утро ги избира најдобрите производи на пазарот за да ги подготви своите оброци, и во секое време го зема предвид она што му е потребно на неговиот клиент, во овој случај Роналдо и што му налага клиентот.

Бароне е всушност 24 часа со Кристијано, што значи дека ужива во неограничена доверба од еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Тој беше виден на неговиот брод и во неговиот дом во Торино и го придружуваше на сите патувања.

„Марка“ пишува дека добро ја чува гастрономската тајна на Кристијано Роналдо, а покрај вкусните јадења што ги подготвува, лојалноста и професионалноста на Барон го „приближиле“ до големите ѕвезди.

Резултатите од нивната соработка се видливи, и на крајот треба да се напомене дека овој готвач неодамна лансираше свој бренд на вино.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com