Поврзи се со нас

Фудбал

Зошто Санчо денес не беше дел од Борусија? Зорк даде одговор со кој завршија сите дилеми

Џејдон Санчо денес не беше дел од Борусија Дортмунд на дуелот против Фрајбург.

Одличниот англиски фудбалер честопати се поврзуваше со напуштање на клубот. Манчестер Јунајтед покажа сериозен интерес, а со оглед на тоа што се зборува за заминување, германските новинари беа заинтересирани зошто тој не е во тимот.

Спортскиот директор на Борусија, Михаел Зорк ги отстрани сите дилеми и рече дека Санчо не оди никаде.

“Џејдон Санчо е наш играч. Тој има долгорочен договор и не игра денес затоа што беше болен. Не станува збор за трансфер”, изјави Зорк.

Малку е веројатно дека нешто ќе се промени до крајот на преодниот рок, кој завршува во понеделник.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама