Зошто УЕФА инсистира толку многу сезоната да заврши до 30 јуни?

УЕФА, заедно со претставници на нејзините членови, здружение на европски клубови и меѓународно здружение на професионални фудбалери, одлучи да го одложи Европското првенство во 2021 година.
Беа советувани од федерациите да ги прекинат шампионатите, со краен рок до 30 јуни. УЕФА има прилично добра причина за тоа.
Како што е позната натпреварувачката година, календарски започнува на 1 јули и завршува на 30 јуни следната година, поради што фудбалерите потпишуваат договори до крајот на јуни.
Доколку тековната сезона се играше во јули, тоа значи дека многу фудбалери не би имале право да настапуваат затоа што нивните договори или позајмици ќе истече, во зависност од нивниот статус.
Пример ако се врати Асмир Беговиќ во јули не би можел да се натпреварува за Милан, со оглед дека тој е позајмен од „Бурнмаут“ до 30 јуни.
Истото важи и за фудбалерите на кои истекуваат договорите на крајот на сезоната и стануваат слободни агенти. Значи, во јули Вилијан не можеше да игра за Челзи, Дрис Мертенс за Наполи, Единсон Кавани за ПСЖ и слично.
За да се спречат овие случаи, УЕФА ќе инсистира на тоа дека натпреварите во лигите, да завршат до крајот на шестиот месец.
Европската организација претходно им даде можност на своите членови сами да решат дали ќе продолжат првенствата под нивно раководство или дали конечниот пласман ќе ја земе предвид ситуацијата на табелата во моментот на прекинот.
Планот на УЕФА е финалето на Лигата на Европа да се игра на 27 јуни во Гдањск и Лигата на шампионите три дена подоцна во Истанбул.



