SportM
Фудбал

Ѕвездата на Премиер лигата одбива да игра за репрезентацијата, го сметаат за предавник

Д М4 ное 2021
Ѕвездата на Премиер лигата одбива да игра за репрезентацијата, го сметаат за предавник

Напаѓачот на Кристал Палас, Вилфрид Заха побара од Брегот на Слоновата Коска да не го кани на следните натпревари во квалификациите за Светското првенство во 2022 година.

Во ноември Брегот на Слоновата Коска ќе игра против Мозамбик и Камерун, а Заха не сака да биде на тие натпревари.

„Пред неколку дена Заха ми испрати порака дека секогаш кога доаѓа во репрезентацијата се враќа болен. Ме замоли да не му се јавувам“, рече селекторот Бомел на прес-конференција на која објави список од 25 играчи за претстојните натпревари.

Секако, одлуката на Заха не му се допадна ниту на тренерот ниту на никого во неговата земја.

„Сакам војници, воини кои со едната нога ќе дојдат за селекцијата. Ова е порака која јасно и гласно ја испраќам до секој играч“, изјави селекторот.

Ова не е прв пат Заха да одбива да игра натпревари за репрезентацијата и како што сега стојат работите, нема да се смета на него во иднина.

Инаку, Брегот на Слоновата Коска е лидер во групата Д од квалификациите за Светското првенство во Африка со 10 бодови, Камерун има 9, Малави три, а Мозамбик само еден бод.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.