Connect with us

Тајмаут

Ѕвездата на Тотенхем со македонски корени откри што јаде секој ден: Морска мов, омлет за доручек (ВИДЕО)

Сега удобно сместен во животот во Лондон, 24-годишникот Дејан Кулушевски преку клупската камера им даде на фановите поглед на еден ден од неговиот живот, почнувајќи со појадок на теренот.

По пристигнувањето на Хотспур Веј, шведскиот репрезентативец со македонско потекло потпиша неколку дресови пред да го облече својот тренинг комплет и да влезе во трпезаријата. Откако изеде малку изматени јајца, омлет, авокадо и чинија со овошје, зема тегла во која беше она што секој ден го јаде. Тој рече: „Тука го имаме специјалитетот – морска мов. Содржи 92 0f 102 есенцијални минерали“.