SportM
Фудбал

Ѕвезди кои не играат за земјата во која се родени, меѓу нив е и Халанд

Д М8 јан 2021
Ѕвезди кои не играат за земјата во која се родени, меѓу нив е и Халанд

Мадридскиот весник АС објави список на играчи кои играат за земја во која не се родени.

На списокот има 21 фудбалер, а интересно е што на него е и норвешкиот репрезентативец Ерлинг Халанд. Можеби многумина не знаеја за тоа, но sвездата на Борусија Дортмунд е родена во Англија, во Лидс, но игра за земјата на неговиот татко.

Сергеј Милинковиќ-Савиќ е роден и израснат во Леида, Шпанија, но тој игра за Србија и никогаш не размислувал за промена на националниот тим.

Ријад Махрез го претставува Алжир, иако е роден во францускиот град Сарсе. Тој е во Алжир од 2014 година, кога дебитираше и во таа земја важи за еден од најдобрите играчи, што е точно.

Иван Ракитиќ е роден во Швајцарија, најпрво играше за младинските репрезентации на таа земја, но на крајот челниците на ХНС успеаја да ги убедат него и неговите родители да стане член на А репрезентацијата на Хрватска со која беше светски вицешампион пред две години.

Тијаго Алкантара е роден во Италија, но всушност е шпанско-бразилски фудбалер, и на крајот избра да игра за Шпанија. Хаким Зијех, sвездата на Челзи, игра за Мароко, иако е роден во холандскиот град Флеволанд, каде ја разви својата спортска кариера.

Гонзало Игуаин по потекло е Французин, но го паметиме како Аргентинец. Тој ја одбра Аргентина како момче и игра со голема страст за оваа репрезентација.

Жоргињо е Бразилец, но има италијански пасош и е член на Италија од 2012 година, како во младинска така и во сениорска конкуренција. Рахим Стерлинг е роден во Јамајка, но пораснал во Англија, а Англија отсекогаш била негов избор.

Пјер-Емерик Обамејанг е роден во Лавал, Франција, но од самиот почеток сакаше да игра за земјата од каде потекнува неговиот татко – Габон, исто како што Жоел Матип, роден во Бохум, го избра Камерун наместо Германија.

Ашараф Хакими имаше двојно државјанство, роден е во Мадрид во 1998 година, но сега е марокански играч. Хакан Чалханоглу е член на турската репрезентација многу години, иако е роден во Манхајм во семејство на турски имигранти во Германија. Германската федерација се обиде да го убеди да игра за Германија, но тој ја одби таквата можност.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.