Звучи малку неверојатно кој е најплатениот играч на Реал

Реал Мадрид го има луксузот што најплатениот играч во тимот воопшто не игра важна улога.
Антонио Рудигер од денеска и официјално е фудбалер на Реал и не е во групата на играчи кои заработуваат најмногу во новиот европски шампион.
Германскиот стопер ќе има загарантирана плата од седум милиони евра, но со разни бонуси во договорот многу лесно ќе ја достигне цифрата од девет милиони.
На овој начин Рудигер би заработил слична бројка како Алаба (10 милиони) и Милитао, кои исто така би требало да заработат толкава сума по одредено продолжување на договорот.
Најплатен играч на Реал досега беше Герет Бејл, но по неговото заминување на врвот на пирамидата се најде некој друг.
Имено, Еден Азар, кој има споредна улога во тимот на Карло Анчелоти, сега има најголема плата во Реал. Белгиецот заработува 12 милиони евра нето годишно.
По Азар следи група играчи кои заработуваат 10 милиони нето како Бензема, Модриќ, Крос и Куртоа.
Инаку, Рудигер ќе заработува повеќе од Каземир кој има нето плата од 6 милиони, а потоа следуваат Карвахал (4,5) и Родриго (4 милиони).



