11-тиот фудбалер во Серија А позитивен на коронавирус

Бартош Бережински во својот профил на Инстаграм потврди дека е заразен со коронавирус, станувајќи се седми заразен играч на Сампдорија и 11-ти во Серија А. Неговиот тимски колега Фабио Депаоли го потврди истото денес на Инстаграм.
Сампдорија објави на својата официјална веб-страница во која се вели дека повеќе нема да известува за коронавирус, за да не ги вознемирува повеќе навивачите, откако петмина фудбалери на клубот тестираа позитивно во рок од 48 часа.
Сепак, Фабио Депаоли и сега дефанзивецот Бартош-Бережински го потврдија тоа на своите профили на Инстаграм, дека се заразени со вирусот „Ковид-19“.
„За жал, тестирав позитивно за КОВИД-19“, напиша полскиот фудбалер на Инстаграм.
„Се чувствувам добро. И покрај преземањето мерки на претпазливост во последниве денови, сепак не успеав да го избегнам овој вирус. Затоа ве замолувам да бидете одговорни и да останете дома доколку можете “.
Маноло Габибадини беше првиот играч на Сампдорија кој излезе позитивен за коронавирус, со истата судбина се Омар Коли, Албин Екдал, Антонино Ла Гумина и Мортен Торзби.
Другите играчи на Серија А, за кои се знае дека се погодени од коронавирусот, се: Даниеле Ругани од Јувентус и тројцата играчи на Фиорентина, Душан Влаховиќ, Германецот Пецела и Патрик Круроне.



