SportM
Фудбал

25 години од неверојатниот гол: Сите се фатија за глава за тоа што го направи Роналдо (ВИДЕО)

Д М12 окт 2021
25 години од неверојатниот гол: Сите се фатија за глава за тоа што го направи Роналдо (ВИДЕО)

Познатиот бразилски фудбалер Роналдо го постигна еден од најдобрите голови на сите времиња на 12 октомври 1996 година.

Роналдо одигра само една сезона во дресот на Барселона, но успеа да постигне многу голови за паметење.

Еден од најдобрите некогаш се случи на 12 октомври 1996 година на натпреварот против Компостела.

Тој на својата половина ја однесе топката, добиваше удари, повлекувања и се со што играчите на Компостела се обидоа да го спречат на патот кон голот.

Се разбира, немаше спас. Роналдо постигна неверојатен гол, еден од најдобрите досега, и апсолутно сите се фатија за глава за тоа што го направи.

Тренерот Боби Робсон за Роналдо рече:

„Нема фудбалер како Роналдо. Тој е толку добар што точно знае кога да шутира и кога да додава. Лесно може да се врати на 40 метри од голот, да ја земе топката и да ја мине комплетната одбрана сам“.

Роналдо постигна три гола и асистираше на овој натпревар, а Барселона славеше со 5:1.

Тој одигра вкупно 49 натпревари во дресот на каталонскиот гигант и постигна неверојатни 47 голови.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.