Италија од 2014-та jа нема на Светските првенства, прво Шведска, па Македонија, сега и Босна, Гатузо вели: Тажни сме!
Редакција1 апр 2026

Селекторот на Италија, Џенаро Гатузо, го коментираше поразот од Босна и Херцеговина (1:1, 1:4 на пенали) во плејофот за Светското првенство во 2026 година.
– Италијанскиот тим не го заслужи ова. Покажавме страст, игравме со десет играчи од 40. минута… тажни сме, но тоа е фудбалот. Горд сум на мојот тим. Но, во моментов е болно, изјави Гатузо по мечот во Зеница.
Италијанскиот тим ќе го пропушти своето трето Светско првенство по ред.
„Азурите“ последен пат на еден фудбалски Мундијал играа во 2014 година.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



