SportM
Фудбал

30 години чекаат за титула – Клоп изјави дека никој не знае што ќе се случи

Д М13 мар 2020
30 години чекаат за титула – Клоп изјави дека никој не знае што ќе се случи

30 години чекаат за титула а сега коронавирусот ја одложи Премиер лигата.

Јирген Клоп изјави дека „никој од нас не знае што ќе се случи“, додека Ливерпул чека да биде крунисан во Премиер лигата.

После 30 години „црвените“ ќе го грабнат долгоочекуваниот трофеј, но лигата е одложена поради стравувањата од коронавирус, а покрај Премиер лигата и сите други спортски настани.

Клоп не знае што навистина ќе се случи со титулата, додека Ливерпул е со 25 бода предност пред Манчестер Сити.

„Денешната одлука (да се прекине Премиерлигата) е донесена за луѓето да се безбедни. Целосно го поддржуваме тоа. Грижете се за себе и за другите, останете дома. Првата работа што треба да ја направиме е да се грижиме едни за други“, рече Клоп.

„Никој од нас во овој момент не знае кој ќе биде крајниот резултат, но како тим треба да веруваме дека надлежните ќе донесат правилни одлуки“. 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.