„500.000 фунти неделно и голф на сонце“, завршува јануарскиот рок и Бејл останува во Мадрид
Д М2 фев 2020

Помина уште еден преоден рок и Герет Бејл остана во Реал Мадрид од претежно финансиски причини.
За велшкиот крилен напаѓач се шпекулираше дека ќе се врати во Тотенхем во јануари, но и покрај тоа што не е многу сакан во Реал Мадрид, страните не успеаја да постигнат договор.
Бејл беше критикуван во Велика Британија за тоа што не најде начин за излез од „Сантијаго Бернабеу“.
На другите клубови им е тешко да го сретнат 30-годишниот, кој добива над половина милион евра неделно во Реал Мадрид, со кого има договор до 2022 година.
Британскиот весник „Тајмс“ најдобро ја опиша тешкотијата при пренесувањето на Бејл: „500.000 фунти неделно и голф на сонце“.

Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



