Адвокатот бара истрага за смртта на Диего Марадона

Адвокатот на Диего Марадона, Матијас Морла, побара истрага за смртта на легендарниот фудбалер.
Марадона почина вчера од срцев удар, а Морла тврди дека имало пропусти и необјаснети настани пред неговата смрт.
“Денес е ден на длабока тага. Изгубив пријател на кого му бев лојален до последен момент. Погребот треба да биде во кругот на семејството”, рече Морла, а потоа објави:
“Според обвинителот од Сан Исидро, не може да се објасни дека Диего немал медицински надзор подолго од 12 часа. На амбулантата и требало повеќе од половина час да пристигне. Ова е идиотско злосторство, некои работи не можат да останат незабележани и барам истрага. Диего ми рече дека сум му војник кој нема милост “, рече адвокатот.
Ќе видиме што ќе се случи во овој случај, но нема сомнение дека адвокатот ќе ги исполни своите желби во врска со истрагата.



