Агентот на Икарди: Тој е многу далеку од договор со Интер
Д М9 јан 2019

Сопругата и агент на напаѓачот на Интер Мауро Икарди – Ванда Нара, изјави дека играчот се уште е далеку од продолжување на договорот со тимот на „нероазурите“.
– Двете страни во моментов се далеку од договор. Се уште нема пристигнато прифатлив предлог од Интер. Многу големи клубови од цела Европа се заинтересирани за него во моментов – двата најголеми во Шпанија, еден од Франција и еден од Англија, изјави Нара.
Актуелниот договор на Икарди завршува во 2021 година. Единствената негова конкретна желба сега е тој да добива по 8 милиони евра по сезона.
Од италијанскиот клуб, пак, сакаат да ја отстранат клаузулата за откупување од 110 милиони евра и да потпишат со Аргентинецот до 2023 година.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



