Агуеро: Свесен сум дека се ближи крајот на договорот, може да се вратам во Шпанија

Серхио Агуеро претходно изјави дека би сакал да ја заврши кариерата во родната Аргентина, но можно е тој да се пресели од Манчестер Сити во друг европски клуб.
Агуеро има 32 години и е прва sвезда на Манчестер Сити, но тој е свесен дека крајот на неговиот договор е близу и дека може да бара уште еден предизвик.
„Мојата иднина? Јас сè уште не размислувам за тоа што ќе правам. Знам дека крајот на мојот договор доаѓа од ден на ден и многу понуди веројатно ќе пристигнат, но ќе видиме“, рече Агуеро, кој има договор до летото следната година.
„Засега само сакам да се обидам да ја освојам Лигата на шампионите со Сити, тоа би било неверојатно достигнување и за мене и за клубот“, додаде тој.
„Денес ми е добро во Манчестер. Сакам да дадам се од себе за овој одличен тим, но не ја исклучувам можноста за враќање во Шпанија или можноста да заминам на друго место”, беше јасен најдобриот стрелец во историјата на Сити.



