SportM
Фудбал

Агуеро во Барселона? Еве што мисли за тоа Луис Суарез

E R29 мај 2021
Агуеро во Барселона? Еве што мисли за тоа Луис Суарез

Серхио Агуеро по 10 години во Манчестер Сити заминува. Тој е најдобар стрелец во англискиот клуб во историјата, а вечерва ќе има можност со пехар во ЛШ да се прости од тимот. Неговата следна дестинација е Барселона. Се очекува веќе од понеделник сето тоа јавно да биде соопштено.

Но, за ова го прашаа и Луис Суарез кој мораше да замине од Каталонскиот тим поради тоа што бил стар. Сега со Атлетико Мадрид освои шампионска титула.

-Сега имаат нови челници, тие сакаат да донесат квалитетен играч. Јасно е дека Агуеро има одличен однос со Меси со години, но тоа не е единствената причина поради која го сакаат во тимот. Станува збор за навистина одличен фудбалер кој може да даде многу, вели Суарез кој зборуваше и за Меси.

-Како пријател и навивач навистина би сакал да остане во Барселона и му препорачувам да остане. Дали ми ја кажал неговата одлука? Не, се уште не!, изјави Суарез.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.