SportM
Фудбал

Ајакс ја освои титулата и го објави името на наследникот на Тен Хаг!

Д М12 мај 2022
Ајакс ја освои титулата и го објави името на наследникот на Тен Хаг!

Заврши авантурата на Ерик тен Хаг во Ајакс.

Тен Хаг по освојувањето на титулата на одличен начин се збогува со тимот од Амстердам, а сега за него следи многу поголем предизвик – да го води Манчестер Јунајтед.

Таму ќе го наследи Ралф Рангник, кој ќе стане селектор на австриската репрезентација.

Ајакс денеска и официјално го објави името на неговиот наследник, а тоа ќе биде Алфред Шројдер, актуелниот тренер на Клуб Бриж.

„Знаеме дека Алфред е тактички силен тренер и има добра позадина за сестрани тренинзи“, рече генералниот директор на Ајакс Едвин ван дер Сар, додавајќи:

„Во последниве години, тој стекна искуство како главен тренер и помошник тренер во врвни клубови во различни земји и натпреварувања. Уверени сме дека може да продолжи по патот што го тргнавме со Ајакс пред неколку години и во Ередивизија и во Лигата на шампионите.“

Шројдер ја започна својата кариера како помошен тренер во Витесе, беше асистент во Твенте пред да го преземе тимот, потоа работеше како асистент во Хофенхајм и Ајакс, потоа го водеше Хофенхајм во 33 натпревари, беше асистент на Роналд Куман во Барселона, а од јануари годинава е тренер на Клуб Бриж кој го водеше на 19 натпревари.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.