Connect with us

Фудбал

Ајакс ја постави цената за Зијеч, играчот инсистира да оди во англиски клуб

Хаким Зијеч е само еден од многуте талентирани играчи на холандскиот шампион, Ајакс.

За квалитетот на играчите на Ајакс доволно кажува сезоната во која тие освоија двојната круна во Холандија и влегоа во финалето на Лигата на шампионите.

Покрај Де Јонг и Де Лихт, во преден план беа и Тадиќ и младиот Зијеч, кој импресионираа со потези и вештини.

Многу клубови се заинтересирани за овој играч, но тој има желба да оди во Лондон.

Желбата на Зијеч е дресот на Арсенал, а холандскиот „Telegraf“ тврди дека Ајакс ја поставил цената за овој играч и изнесува 35 милиони евра.

Мароканскиот репрезентативец е поврзан со многу тимови, главно англиски, а тој, покрај со Арсенал, како омилен клуб го наведе го наведе шпанскиот шампион, Барселона.

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама
Реклама

Повеќе од Фудбал

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com