Ајакс повторно киксна против Иглс
Д М2 апр 2023

По поразот на големото дерби против Феенорд со 3:2, Ајакс направи нов кикс во борбата за титулата бидејќи одигра без голови против домаќинот Го Ахед Иглс во натпреварот од 27. коло на холандскиот фудбалски шампионат.
Актуелниот шампион на Холандија создаде само една шанса, кога во 19. минута ударот на Броби беше сопрен од голманот Де Ланге.
Домаќинот пружи многу силен отпор. Организирано бранеше, имаше можности преку Стокерс во 15 и Лидберг во 36 минута.
Орлите од Девентер успеаја четврти пат по ред да останат непоразени во дуелот со Ајакс.
За тимот од Амстердам цел натпревар го одигра капитенот Душан Тадиќ, кој се впива во сивилото на неговиот тим.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



