Ајакс во најдобра форма во Холандија
Д М26 фев 2023

Смената на тренерот го израдува Ајакс.
Клубот од Амстердам успеа да го совлада Витезе на тешко гостување, по пресвртот беше 1:2.
Домашните имаа предност, водеа од 30. минута кога погоди Ван Гинкел, но израмнувањето дојде многу брзо.
Тадиќ изведе слободен удар, немаше офсајд, а по ударот со глава на неколку играчи, топката стигна до Класен, кој погоди.
Конечниот резултат го постави Алварез во 54. минута од играта, кога Душан Тадиќ од корнер ја испрати топката во шеснаесетникот, а Мексиканецот со глава постигна гол за 1:2.
Верувале или не, 14-та асистенција на Тадиќ оваа сезона во Ередивизија.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



