Ајнтрахт Франкфурт го раскина договорот со Русите

Германскиот бундеслигаш Ајнтрахт Франкфурт го раскина договорот со руската компанија Касперски.
„Kaspersky Lab“ е руски мултинационален снабдувач на сајбер безбедност и антивирусни програми со седиште во Москва, но како и многу руски брендови, и овој се соочи со санкции поради руската инвазија на Украина.
По препораките на германската влада, Ајнтрахт Франкфурт одлучи да го раскине договорот со Касперски.
„Нашата доверба во производите и услугите на Kaspersky во обезбедувањето заштита навистина се промени. Го информиравме Kaspersky дека веднаш го раскинавме спонзорскиот договор“, рече портпаролот на Ајнтрахт.
Клубот соопшти дека донирал 150.000 евра добиени според договорот со Касперски на добротворна организација која работи во Украина.
Да потсетиме, веднаш по почетокот на војната Шалке го раскина договорот со рускиот нафтен титан Газпром.



