SportM
Фудбал

Академија Пандев и Работнички ги поделија бодовите

Д М2 ное 2019
Академија Пандев и Работнички ги поделија бодовите

Натпреварот од 13. коло во ПМФЛ помешу Академија Пандев и Работнички заврши без победник.

Работнички конечно ја прекина низата на порази и освои првиот бод.

Работничи на гостувањето во Струмица со новиот тренер покажа добра игра и ги спречи домаќините да се искачат на врвот на табелата.

Академија Пандев со голот на Стојкоски во 26. минута го отвори резултатот на средбата, но сепак не стигна до посакуваните три бода.

Шаркоски во 73. минута успеа да постигне гол и да го израмни резултатот, кој беше конечен (1-1).

Академија Пандев се наоѓа на втората позиција со 25 бода, додека Работнички е на дното на табелата со 10 бода.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.