SportM
Фудбал

„Ако сте најдобри на светот, тогаш нема да одите во ПСЖ“

Д М15 јул 2021
„Ако сте најдобри на светот, тогаш нема да одите во ПСЖ“

Француски ПСЖ донесе неколку засилувања во своите редови ова лето.

Меѓу фудбалерите кои пристигнаа е италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума (22), кој потпиша петгодишен договор со вицешампионот на Франција.

Донарума ги разочара навивачите на овој клуб со заминувањето од Милан, а поранешниот напаѓач Антонио Касано упати жестоки критики на негова сметка.

Тој смета дека Донарума не требаше да оди во ПСЖ затоа што најдобрите во светот не го прават тоа.

„Ако тој е најдобриот голман на светот, тогаш зошто не го бараа Баерн, Реал Мадрид и Барселона?“, прашува Касано и додава:

“Мануел Нојер има 36 години и ако Донарума е најдобар на светот, оспори го, Тибо Куртоа или Тер Штеген. Заземете им место ако сте најдобри. Наместо тоа, тој отиде во ПСЖ”, рече Касано.

Донарума наводно нема да биде прв избор ниту за тренерот Маурисио Покетино во Париз, а искусниот Кејлор Навас засега ќе го задржи местото на голот.

Џиџи Донарума ќе заработува 12 милиони евра годишно во Париз, а на грбот ќе го носи бројот 50.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.