Connect with us

Тајмаут

Ако ви е тешко, само сетете се на голманот кој 15 минути стоел на голот сам, не знаејќи дека мечот одамна е прекинат (ФОТО)

Во декември 1937 година, за време на фудбалски натпревар на Стемфорд Бриџ во Лондон помеѓу Челзи и Чарлтон во ФА Купот, играта беше прекината во 60-тата минута поради густата магла. За жал, голманот на Чарлтон  Сем Бартрам не знаеше дека натпреварот е прекинат и продолжи да го чува својот гол уште петнаесет минути.

Тој не го слушнал свирежот на судијата поради вревата од толпата зад него. Верувајќи дека соиграчите го напаѓаат противничкиот гол, тој застанал со раширени раце, целосно фокусиран да го заштити својот гол среде густата магла.

Само петнаесет минути подоцна му пришла теренската полиција и го известила дека натпреварот е прекинат петнаесет минути претходно.

Легендарниот голман Бартрам во својата автобиографија го опиша инцидентот вака:

-Бидејќи знаев дека нашиот тим силно го напаѓа противникот, почнав удобно да се движам напред-назад. Си помислив дека нашите момци ги притиснале другите. Но, очигледно, не можевме да постигнеме гол затоа што ако постигневме гол, нашиот тим ќе се вратеше на својата поливина. Како одминуваше времето, почнав да одам до шеснаесетникот, но ништо не се гледаше. Очигледно беше дека одбраната на Челзи работи напорно, си мислев. По некое време, видов нешто во густата магла. Кон мене доаѓаше полицаец. ‘Што правиш овде?’ рече. Натпреварот беше прекинат пред 15 минути.

Кога влегов во соблекувалната, целиот тим на Чарлтон веќе се истуширал и се облекуваше. Сите паднаа на земја од смеење, раскажува тој.

Сем Бартрам, кој не го слушнал судиското свирче, 15 минута час ја чекаше кожената топка пред својот гол. Поради ова сеќавање, Сем Бартрам има исклучително важно место за навивачите на Чарлтон Атлетик. Статуата на Сем Бартрам, кој 22 години играше за Чарлтон Атлетик, се наоѓа пред стадионот The Valley.