Винисиус правел операција на вилицата, хармонизација на лицето! (ФОТО)

Бразилецот Винисиус Жуниор по Светското првенство во фудбал и елиминацијата на „кариоките“ од Норвешка замина „под нож“.
Имено, тој се подложил на естетска интервенција за хармонизација на брадата, а според фотографиите сега изгледа како сосема поинаква личност.
Бразилскиот информативен портал TMC во понеделникот објави дека ѕвездата на Реал Мадрид се подложила на зафат за хармонизација на брадата во клиника во Гојанија, Бразил, а интервенцијата ја извршил дерматологот д-р Алесандро Аларкао.
🚨 𝗡𝗘𝗪: More pictures of Vinicius Jr.’s new look, following his chin harmonization surgery. pic.twitter.com/vmi0lwP3xo
— The Touchline | 𝐓 (@TouchlineX) July 20, 2026
Оваа естетска процедура, наводно, користи филери за обликување на контурите на лицето. Во случајот на Винисиус Жуниор, целта била да се добие поизразена линија на брадата.
По интервенцијата се појавија неколку фотографии од Винисиус Жуниор, а разликата во неговиот изглед е впечатлива.
Еден таков пример е објавата на Инстаграм што во понеделникот ја сподели неговата поранешна девојка Вирџинија Фонсека, на која таа и Винисиус Жуниор (кои очигледно повторно се смириле по раскинувањето пред Светското првенство) позираат заедно во нејзината нова теретана.



