Новинарка со длабоко деколте застана пред тренерот, тој не смееше да погледне (ВИДЕО)

Чешкиот второлигаш Усти над Лабем се бори за враќање во елитниот ранг, но по последниот натпревар на интернет повеќе се зборуваше за виралната снимка од интервјуто отколку за фудбалот.
Фудбалерите на Опава славеа на гостувањето кај Усти над Лабем со 3:2, во натпреварот од 10. коло на втората чешка лига. Гостите веќе по првото полувреме имаа предност од три гола, но домаќините во продолжението постигнаа два гола и ја искомплицираа завршницата. Сепак, не успеаја да освојат бодови.
Сепак, по натпреварите на овој клуб, вниманието често го привлекува и водителката Сабина Јакшова, која ги интервјуира тренерите и играчите. Овојпат пред камерите се најде 43-годишниот тренер Давид Оулехла, а снимката од неговото интервју набрзо се прошири на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Додека одговараше на прашањата, Оулехла се обидуваше да го задржи сериозниот израз на лицето и да се концентрира на разговорот. Меѓутоа, кадарот на камерата го нагласуваше деколтето на водителката, поради што интервјуто за многумина стана поинтересно отколку што се очекуваше.



