Миа Калифа во живо го следеше финалето на Светското првенство, заработи 1,65 милиони долари (ВИДЕО)

Шпанија е нов светски шампион, а додека фудбалерите на „Црвената фурија“ на стадионот во Њујорк ја славеа големата титула и богатата премија од 51 милион долари, на трибините славеше и поранешната актерка во филмови за возрасни, Миа Калифа.
Поранешната ѕвезда на индустријата за возрасни се пофали на социјалните мрежи дека пред финалето уплатила дури еден милион долари на победа на Шпанија. Бидејќи коефициентот за триумф на селекцијата предводена од селекторот Луис де ла Фуенте изнесувал 1,65, по последниот судиски свиреж таа инкасирала вкупно 1,65 милиони долари, односно остварила добивка од 650.000 долари.
Победата на Шпанија ѝ ја донесе Феран Торес со гол во продолженијата, откако неговата репрезентација доминираше во поголемиот дел од натпреварот против Аргентина.
И покрај тоа што Аргентинците, предводени од Лионел Меси, стигнаа до финалето, во решавачкиот натпревар не успеаја посериозно да се заканат. Во текот на 120 минути игра не упатија ниту еден удар во рамките на голот, додека шпанската одбрана уште еднаш покажа зошто беше една од најцврстите на турнирот.
Големи заслуги што Аргентина воопшто остана во игра имаше голманот Емилијано Мартинез, кој забележа дури 11 одбрани и во неколку наврати ја спаси својата репрезентација од потежок пораз. Сепак, ниту тој не можеше да го спречи погодокот на Торес во финишот на продолженијата, со кој Шпанија ја освои својата втора светска титула, прва по 16 години.
Миа Калифа за време на финалето беше многу активна на социјалните мрежи. Особено реагираше откако на Шпанија ѝ беше поништен гол, кога на Инстаграм ја објави пораката „VARgentina“, алудирајќи на честите тврдења на дел од јавноста дека Аргентина за време на турнирот имала наклонетост од судиските одлуки.



