Ал-Хелаифи: Избравме нов тренер

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи ја отфрли можноста за доаѓање на Зинедин Зидан.
Маурицио Покетино си заминува од Париз по освојувањето на титулата и сега е јасно. Аргентинскиот стручњак беше избран за нов тренер на ПСЖ на почетокот на 2021 година, а во овој клуб имаа големи очекувања од него, кои очигледно не успеа да ги исполни.
И покрај споменатата титула, разочарувањето е Лигата на шампионите, а новиот тренер ќе ги има на располагање најсилните фудбалери предводени од Килијан Мбапе, но јавноста се уште не знае кој ќе биде наследникот на Покетино. Едно е сигурно, Зидан кој најмногу се споменуваше – нема.
„Ја избравме втората опција од Зидан. Го избравме тренерот кој ќе беше најдобар за тоа што сакаме да го постигнеме“, изјави Ал-Хелаифи.
Новиот спортски директор Луис Кампос последните денови се обиде да го убеди Масимилијано Алегри да дојде, а сега е најблиску до клупата на Галтие, кој пред две сезони ја покори Франција со Лил. Моментално работи како тренер на Ница, но за ’само’ 10 милиони евра би се преселил во Париз.
Сепак, останува да почекаме да дознаеме кој ќе раководи со моќните ѕвезди на ПСЖ и кој тренер ќе биде под притисок да ја освои Лигата на шампионите.



