SportM
Фудбал

Ал Наср веќе профитира од Роналдо!

Д М7 јан 2023
Ал Наср веќе профитира од Роналдо!

Доаѓањето на Кристијано Роналдо во Ал Наср од Саудиска Арабија предизвика вистински фудбалски „земјотрес“.

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, освојувачот на шест „Златни топки“ реши да замине на Блискиот Исток и со тоа да стане најголемата спортска ѕвезда која некогаш се натпреварувала во овој дел од светот.

Ал Наср во следните две и пол години на 37-годишниот Роналдо ќе му исплати 180.000.000 евра, но финансиски профит ќе има и клубот од Саудиска Арабија од славниот Португалец.

За почеток, брендот на клубот порасна како што покажува бројот на луѓе кои ја следеа официјалната страница на Ал Наср на Инстаграм откако Роналдо беше официјално претставен.

Пред доаѓањето на Кристијан Ал Наср следеа околу 900.000 луѓе, а сега таа бројка достигна речиси 4.000.000.

Повеќе од 25.500.000 луѓе ја лајкнале објавата каде Кристијано Роналдо официјално е претставен како нов играч на Ал Наср.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.