Албанска фудбалска федерација се извинува за навредите на Даку кон Македонците и Србите на Европското првенство
Редакција23 јун 2024

Албанската фудбалска федерација изрази жалење поради однесувањето на напаѓачот Мирлинд Даку на Европското првенство 2024. По ремито со Хрватска во второто коло од групната фаза, Даку користејќи мегафон пред навивачите, ги навреди Македонците и Србите.
Федерацијата во соопштение потенцираше дека емоциите за време на натпреварот довеле до несреќна реакција на Даку, кој подоцна изрази каење и публично се извини, признавајќи ги последиците од своето однесување.
Неговите постапки не ги одразуваат неговите лични вредности ниту тие на федерацијата, стои во соопштението.
УЕФА иницираше постапка против Даку и се очекуваат санкции за неговото однесување на турнирот.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



