Гаштаров: Во 20 дена ми се смени целиот живот!

Матеј Гаштаров е еден од младите фудбалери во македонската репрезентација во овој циклус од Лигата на нациите. Фудбалерот на Црвена Звезда се надева дека ќе стигнеме до позитивен резултат против Шкотска на „Хампден парк“.
-Кога го носиме дресот на Македонија, мислам дека не треба да бараме посебна мотивација, затоа што самото тоа што сме во А-репрезентацијата ја носи мотивацијата. Играме против голема Шкотска, која има квалитетни играчи, но и ние имаме свои имиња кои се во многу добра форма. Ќе излеземе на теренот да дадеме се од себе и да уживаме.
За мене, во дваесет дена ми се смени целиот живот и ова е нешто ново. Гледам кога ќе излезам на теренот да уживам. Играв против многу големи играчи и големи репрезентации, немам притисок и гледам да уживам во моментот“, изјави Гаштаров, на прес конференцијата пред мечот.
Натпреварот меѓу Шкотска и Македонија на „Хампден парк“ во Глазгов се игра во петок, со почеток во 20:45 часот по македонско време.
Поврзани вести

Флик ја менува стратегијата со Педри, со цел да го има во најдобра физичка форма во 2027 година

Кулушевски открива драмата со повредата: Мораше да направам трансплантација на колено, но реков не. Ме спаси српскиот доктор…

