Кулушевски открива драмата со повредата: Мораше да направам трансплантација на колено, но реков не. Ме спаси српскиот доктор…

Дејан Кулушевски се врати во шведската репрезентација по двегодишно отсуство, откако ја надмина тешката повреда на крстената врска на коленото, што го држеше надвор од терените цели 526 дена. Крилниот напаѓач на Тотенхем се врати во октомври, а сега е повикан од тренерот Грејхам Потер за одлучувачките натпревари од Лигата на нации против Босна и Полска.
Во едно интервју за тешката побрама, тој откри дека по две неуспешни хируршки интервенции му била предложена трансплантација на коленото, што ќе го оддалечеше уште 18 месеци од терените. Помошта на Златан Ибрахимовиќ и Иван Перишиќ го насочила кон специјалист во Србија.
„Се работеше за трансплантација на колено. Ќе го заменев коленото со туѓо, но реков не. Одлучив дека, ако чувствувам болка при играњето, ќе играм и со болка“, објасни шведот.
Тој призна дека размислувал и за повлекување: „Би се преселил на еден остров за да живеам со семејството. Без мојата ќерка, ќе ми беше многу тешко.
Српскиот доктор беше многу важен за мене. Ми рече: Не размислувај за други интервенции, ќе го направиме вака”, заврши Кулушевски.



