Желбата на Арсенал за јануарскиот трансфер пазар: Еден светски шампион во фокусот

Алекс Баена може да се смета без колебање не само за најдобриот играч моментално кај Атлетико Мадрид, туку и за еден од најдобрите во светот на својата позиција, како левокрилен напаѓач.
25-годишниот светски шампион со Шпанија многу му се допаѓа на Микел Артета, каде што лондонскиот тим моментално има само Христос Цолис за таа позиција. Според англиските медиуми, Арсенал планира во јануари да се обиде да го донесе Баена од Атлетико Мадрид, што изгледа малку тешко да се оствари навистина.
Прво, Баена е клучен играч за „јорганџиите“ и тешко дека тие ќе се откажат од него, особено на средина од сезоната. Второ, Баена е под договор до 2030 година со Атлетико, што многу ја усложнува ситуацијата и го поставува мадридскиот клуб во комотна позиција.
Токму поради овие две причини, и покрај големата желба на Артета, управата на Арсенал разгледува и други имиња за левиот крилен напад како Ендрик, Антонио Нуса и Ели Џуниор Круп.



